Иванов лут ја искара Владата, не се поздрави со Шеќеринска и Џафери

Од:

Ѓорге Иванов,  на одбележувањето на   Денот на АРМ и 25-годишнината од формирањето на Армијата, не ја криеше нетрпеливоста кон новата Влада. Сега критикуваше работи за кои не ни помислуваше во изминатите години кога некои други беа премиери или министри.

Недозволиво за официјални средби по повод државни настани, не можеше да одглуми дека е претседател на сите, како што декларативно говореше сите години. Тој не се поздрави ниту со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ниту со собранискиот спикер Талат Џафери.

Во говорот ја искара Владата дека неосновано ја ангажира војската. Во говорот забележа и на, како што рече, тоа што во недостиг на ресурси и време, се почесто се случува Армијата без одлука на Врховниот командат и без исполнети услови за прогласување на кризна состојба да се ангажира за задачи кои се во надлежност на други институции.
„Тоа е сериозна повреда на законот што нема да ја толерирам“, рече Иванов.

Иванов се лути и за малиот буџет за АРМ,  вели бил добро запознаен со состојбата, но во досегашните 8 години ниту направи нешто, ниту алармираше за ова.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната