Иванов – Ковер: Eвроинтеграциите ќе донесат траен мир и стабилност во региионот

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер, кој престојува во официјална посета на  Македонија.

На средбата беше изразено заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог, што ги отсликува одличните билатерални односи. Централни теми на разговор беа евроатлантските интеграции, парламентарната соработка, интересот и можностите за продлабочување на економската соработка.

Во однос на евроинтеграциите, претседателот Иванов се заблагодари за досегашната безрезервна поддршка од Унгарија и го поздрави предлогот на Европската комисија за отворање на претпристапните преговори за членство со паралелно решавање на спорот со името.

Македонскиот претседател изрази надеж дека поддршката од Унгарија ќе биде потврдена и на претстојниот состанок во декември, што е од клучна важност за Македонија. Двајцата соговорници изразија согласност дека евроатлантските интеграции за земјите од Западен Балкан се незапирлив процес кој ќе донесе траен мир и стабилност во региионот.

Во однос на економијата, претседателот Иванов ја реафирмираше подготвеноста на Република Македонија за интензивирање на бизнис и трговската соработка.

Претседателот на унгарскиот парламент изрази интерес за состојбите регионот, при што претседателот Иванов му ги претстави приоритетите на македонското претседавање со двете значајни регионални иницијативи –  Процесот за соработка во ЈИЕ и Дијалогот меѓу цивилизациите. Двајцата соговорници искажаа подготвеност за натамошна взаемна поддршка и соработка и на мултилатерален план.

 

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on