Иванов: Која е разликата помеѓу моето помилување и вашата амнестија?

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ги праша пратениците на парламентарното мнозинство и премиерот која е разликата помеѓу помилувањето што тој го потпишал и ова што го изгласаа пратениците на СДСМ и од останатите партии? Обраќањето пред дипломатскиот кор и преставниците на власта се одвиваше во скандалозни услови без минимум култура, дофрлаа пратениците на мнозинството, спикерот молчеше.

– Јас ја донесов одлуката за амнестија за да се спречи хаос, вие да за да ги озаконите уцените со што се руши правната држава. Вашата амнестија е само уште еден преседан за уцена. Овој закон за амнестија го потпишав , ако вие го донесовте заради гласовите на пратениците, јас за да ги разоткријам вашите вистински цели и намери. Овој закон за амнестија нека биде сведошвто за двојните стандарди, но без правда нема мир, нема помирување. Во поделено општество како нашето, се додека помирувањето и простувањето се за други цели, нема да има од тоа ништо, рече Иванов.

– Мене не можете да ме уцените, немам криминал, затоа се обидовте да го нарушите мојот углед, трпев и закани, имаше повици за убиство, ме навредуваа. Но и покрај ова истражувањето на јавното мислење покажува дека претседателот на РМ е политичка институција со највисока доверба меѓу граѓаните, додаде претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието