Иванов ќе се сретне со амбасадорите Бејли, Орав и Брет

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли, шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав и шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, ќе присуствуваат и капетанот Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор.

Претседателот Иванов по синоќешната седница на Советот за безбедност најостро го осуди терористичкиот напад во Куманово од страна на групи чија цел, како што рече, беше дестабилизација на Македонија. Тој истакна дека на седницата на Советот за безбедност е изразена подготвеност да не се дозволи ескалација на тензиите.

Тој изрази жалење за загубените животи на припадниците на МВР и побара мудрост од граѓаните, поддршка од лидерите на политичките партии да се однесуваат одговорно, како и од медиумите.

На седницата на Советот за безбедност, во проширен состав, присуствуваа претседателот на републичкото Собрание Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи, Зоран Јолевски, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и членовите на СБ Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини, како и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Талат Џафери од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Во операцијата за разбивање на терористичката група во кумановската „Дива Населба“ загинаа осуммина полицајци, а 37 се повредени.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија