Иванов ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој учествува на 49. Минхенска конференција, денеска ќе се обрати на сесијата на тема „Безбедност и стабилност во Југоисточна Европа и Кавказ“ со која ќе претседава Марти Ахтисари, добитник на Нобеловата награда за мир и поранешен претседател на Република Финска.

Се очекува македонскиот претседател Иванов да се сретне и со шефот на турската дипломатија Ахмед Давитоглу, како и со високи функциониери од повеќе земји на кои ќе се потенцираат сите прашања од сферата на безбедноста и уделот на Република Македонија во меѓународните мисии.

На Минхенската безбедносна конференција, која претставува најеминентен форум за прашања од областа на безбедноста, покрај дискусиите за трансатлантската и европската безбедносна архитектура за иднината на европската одбрана ќе се разговара и за сајбер безбедноста и справувањето со тековната криза во Мали и Сирија, како и за Иранското прашање и за балансот на силите во регионот.

Претседателот Ѓорге Иванов на оваа безбедносна конференција во Минхен е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Попоски.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on