Иванов ќе се обрати на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска  ќе се обрати на официјалното отворање на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации (УНАоЦ), што се одржува во Виена.

Иванов ќе има обраќање на пленарната сесија  посветена на промоција на одговорното лидерство во различностите и дијалогот, јави известувачот на МИА.

На маргините на тридневниот форум, попладне, шефот на македонската држава ќе има средба со со премиерот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и со високиот претставник на ОН за Алијансата на цивилизации Назир Адбиулазис Ал-Насер.

Вчера претседателот Иванов имаше средби со австрискиот претседател Хајнц Фишер, со заменик-генералниот директор на Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој (УНИДО) Таизо Нишикава, и со генереалниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа  (ОБСЕ) Ламберто Заниер.

Форумот во Виена обединува политички лидери, претставници на меѓународни и регионални тела,  на приватниот и невладиниот сектор, младински организации, донаторски агенции и фондации…Учесниците  на форумот треба да понудат нови начини за промоција на меѓукултурниот дијалог и разбирање. Фокусот на нивните дискусии е посветен на темите промоција, заштита и целосно уживање на универзалното право на верска слобода во светло на религиозниот плурализам преку едукација, медиумски плурализам и разновидност на медиумската содржина како клучни фактори за поттикнување јавна дебата, демократија и свест за различноста на мислењата и потенцијали и предизвици на обликувањето нова приказна за миграција, интеграција и мобилност во глобалната економија.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on