Иванов ќе додели признанија на девет организации и медал на 13 поединци од дијаспората

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, во рамки на Четвртата годишна конференција на иселеничките организации ќе додели признанија и одликувања на девет македонски организации од дијаспората и 13 поединци – припадници на македонската дијаспора.

Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, Македонското добротворно друштво „Македонија“, Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј – Крањ“, Асоцијацијата на македонски друштва „Форум“, Организацијата „Обединета Македонска Дијаспора“, Организацијата „Обединети Македонци од Канада“, Македонскиот меѓународен комитет за човекови права, Австралиско – македонскиот комитет за човекови права и Македонскиот просветно – училиштен одбор за Нов Јужен Велс.

Признанието „Повелба на Република Македонија“ се доделува за особени заслуги и достигнувања на организациите во насока на зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и за придонес кон унапредување на пријателските односи и соработка со повеќе држави во светот.

Претседателот Иванов со „Медал за заслуги за Македонија“ ќе одликува припадници на македонската дијаспора и тоа Ангел Митревски, Илона Захариева, Павле Велков, Владимир Ралев, Мајк Зафировски, Борис Ничов, Коста Гас Стенвик, Ферид Мурад, Зоран Ќосески, Зоран Бечваровски, Виолета Јовановска, Диана Стерјовска и Јованка Смилевска.

„Медалот за заслуги за Македонија“ се доделува на поединци – припадници на македонската дијаспора, за исклучителната посветеност и ангажираност во нивното работење и дејствување, со што значително придонесуваат кон афирмација на Република Македонија во светот.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on