Иванов ја прекинува посетата на Москва, ќе биде свикан и Советот за безбедност

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја прекинува својата работна посета на Руската Федерација и се враќа во земјата, информираат од неговиот Кабинет.

Оттаму најавуваат дека ќе биде свикан и Советот за безбедност, по последните случувања во Куманово.

За актуелната состојба во Република Македонија претседателот Иванов утрово ги информирал Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Чешката Република, Милош Земан и останатите соговорници, со кои остварил средби во Москва.

Инаку, утрово претседателот Иванов во Москва учествуваше на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот, каде положи цвеќе пред споменикот на „Незнајниот јунак“ и присуствуваше на свечениот прием кој го приредипретседателот на Руската Федерација, Владимир Путин во Големиот дворец на Кремљ.

На средбата со претседателот Путин беше искажано заемно задоволство од континуираниот позитивен тренд во билатералните односи и соработката меѓу двете земји. На интерес на Путин, претседателот Иванов го запознал со актуелните политички состојби и со клучните предизвици со кои се соочува Република Македонија. Рускиот претседател Путин искажал загриженост за состојбите во Република Македонија. Исто така, било договорено политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Руската Федерација да продолжи во наредниот период, особено во насока на натамошно развивање на економските односи меѓу двете земји.

На средбата со претседателот Земан станало збор за билатералните односи и за продолжување на политичкиот дијалог, со размена на посети на највисоко ниво.

– Претседателот Земан искажа интерес за актуелностите во Република Македонија и евроатланските интеграциски процеси. Претседателот Иванов нагласи дека предолгата и неправедна блокада во евроатланските интеграции создава сериозни проблеми во внатрешните состојби во Република Македонија и апелираше за поодговорен пристап кон процесот на проширување и интеграцијата на Република Македонија и целиот регион, како предуслов за конечна консолидација, стабилност и просперитет во југоисточна Европа, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.

На средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг било истакнато задоволство што на сите клучни теми од последната средба во Пекинг се евидентира позитивна динамика, а посебно задоволство било изразено од нагорниот тренд во економската соработка меѓу двете земји. Било договорено да продолжат и да се интензивираат контактите на сите нивоа и да продолжи и да се зголеми трендот во економските односи, а станло збор и за продлабочување на соработката во сферата на образованието, културата, науката и медицината.

На средбата со генералниот секретар на ООН, претседателот Иванов го запозна со актуелните политички состојби во Република Македонија, потенцирајќи дека разликата со името, кое претставува пречка за нашите интеграции, влијае негативно на внатрешните состојби. На средбата со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, соговорниците разговарале за соработката и планираните проекти меѓу Република Македонија и УНЕСКО, особено за дијалогот меѓу цивилизациите.

На средбата со британскиот пратеник Николас Сомес, кој е внук на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, бил искажан интерес за економските состојби во Република Македонија и успесите на економски план, како и за британските инвестиции во Република Македонија.

Во Москва, претседателот Иванов се сретнал со Патријархот на Руската Православна Црква, Кирил. На средбата, двајцата соговорници размениле мислења и информации за повеќе актуелни теми од заемен интерес‎ и биле разменети мислења за актуелностите поврзани со нашата црква.

Во рамки на свеченостите по повод одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот во Москва, меѓудругите, учествуваат и премиерот на Словачката Република Роберт Фицо, претседавачот со претседателството на БИХ, Младен Иваниќ, словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов