Иванов: Има потенцијал за уште посилна соработка меѓу Македонија и Турција

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска се обрати на свеченото отворање на „ТОББ Меѓународниот бизнис форум“ во Истанбул, на кој учествуваат над 1.000 бизнисмени и претставници на меѓународни институции од 85 земји во светот.

Централна  тема на Форумот е  глобалната економска криза со посебен фокус на улогата на приватниот сектор, како и потребата од зајакнување на претприемништвото и изнаоѓање решенија за надминување на пречките во меѓународната трговија.

ТОББ Универзитетот за економија и технологија е еден од најреномираните универзитети во Турција, кој во октомври 2009 година, на претседателот Иванов му ја додели титулата Почесен доктор на науки.

– Денеска не сум тука само поради тоа што во 2009 година се стекнав со почесен докторат на ТОББ Универзитетот. Денеска сум тука и поради пријателството кое го негуваат Република Македонија и Република Турција. Тука сум и поради улогата на Унијата на комори и стокови берзи на Турција – ТОББ за економскиот развој на оваа земја. ТОББ има за цел да обезбеди единство и солидарност меѓу коморите и берзите. Подобрување на развојот на професиите, согласно потребите. Унапредување на искреност и доверба во односите на членови едни со други и со јавноста, како и зачувување професионална дисциплина и етика, рече Иванов, обраќајки се пред присутните.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот