Иванов и Вељаноски ќе се сретнат со членови на ЕПП

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов и првиот човек на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе остварат одвоени средби со пратеници од Европскиот парламент и со членовите на работната група 3 на Европската народна партија.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, Иванов ќе ги прими пратениците од Европскиот парламент, припадници на групата на Европската народна партија, Јержи Бузек, европратеник од Република Полска, Туне Келам, европратеник од Република Естонија, Мирослав Миколашик,  европратеник од Словачка Република и Ласло Токес, европратеник од Романија.

Претседателот Иванов ќе се сретне и со членовите на работната група 3 на Европската народна партија, предводена од Корин Вортман-Коол, потпретседател на Европската народна партија и европратеник од Холандија.

Оваа делегација ќе биде примена и од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on