Претседателите на Република Македонија и на Република Словенија, Ѓорге Иванов и Борут Пахор, денеска ќе присуствуваат на средба со претставници на словенечката заедница во земјава, бизнисмени и членови на Македонско-словенечкиот бизнис клуб.
Во рамки на настанот ќе биде промовирано и Европското првенство во кошарка 2013 што во септември ќе се одржи во Словенија.