Иванов и Јолевски во посета на полкот за специјални операции во Радожда

Од:

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили  Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, во Радожда ќе ги посетат припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на овој локалитет изведуваат обука во летни услови.

Припадниците на пСО денеска ќе изведат методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а ќе бидат прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување на давеник.

Пред вежбата, како што соопшти МО, пред гостите ќе биде презентирана нуркачката опрема и друг вид опрема и вооружување за извршување на борбени дејства во вода.

Се очекува припадниците на пСО кои вежбата ќе ја изведуваат заедно со припадниците на воздухопловната бригада, да демонстрираат висок степен на обученост и извежбаност за извршување на различни задачи на вода.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он