Иванов го посети кампот на извидници во Скребатно

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го посети извидничкиот камп во село Скребатно, а попладнево ќе се обрати на отворањето на 11. извидничка смотра на Сојузот на извидници на Македонија.

Шестдеценискиот јубилеј од постоењето на Македонскиот сојуз на извидници денеска го одбележаа 450 извидници во атарот на манастирот „Света Богородица“, кај Скребатно. Во наредните десетина дена извидниците ќе едрат, стрелаат, возат глисери, ќе градат логори и ќе учествуваат во многу авантуристички предизвици.

– Навистина е прекрасно чувството да се биде меѓу толку млади луѓе, ентузијасти, кои дошле во Македонија, да се запознаат со своите врсници, со своите пријатели и да стекнат нови познанства, да учат нови вештини и да совладуваат знаења за ориентација во природа, истакна Иванов.

Навистина, како што рече, треба да му се честита на Сојузот на извидниците што 60 години повеќе генерации ги вовел во ова, да имаат љубов младите кон природата, да се ориентираат во природа, да се снаоѓаат и да уживаат во овие предели кои навистина Охрид ги изобилува.

– Ако не беше оваа извидничка средба, немаше да знаеме дека освен езерото, Охрид има и вакви убавини и предели каде младите во кампови можат да се дружат, да учат, да совладуваат вештини и да го продолжуваат она наследство, традиција, што ни ги оставиле старите извидници нам, потенцира Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on