Иванов ги прими членовите на Специјалната олимпијада на Македонија

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со делегацијата на Специјалната олимпијада на Македонија, која учествуваше на Светските Зимски Олимписки игри, што се одржаа од 25 јануари до 5 февруари во Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Иванов упати честитки за постигнатиот успех и истакна дека континуирано ги следи и ги поддржува активностите на Специјалната олимпијада на Македонија.
– Во името на сите граѓани на Македонија, ви го честитам овој огромен успех, кој на сите нас ни ги стопли срцата. Секоја цел е достапна и секој сон е остварлив, доколку се работи посветено и одговорно. Вие тоа го покажавте и ја направивте горда цела Македонија, порача Иванов.
Според него, спортот е еден од најуспешните начини за интеграција и социјализација на лицата со посебни потреби, како и за подигнување на свеста кај пошироката јавност за давање соодветна помош и поддршка на овие лица. Претседателот Иванов истакна дека учеството на вакви меѓународни спортски настани придонесува и кон афирмирање на Македонија.
Членовите на делегацијата на Специјалната Олимпијада на Македонија, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, ги поздравиле сите негови досегашни иницијативи за поддршка и промоција на нивните активности и изразиле надеж за уште поголеми успеси во иднина.
На Олимпијадата во Јужна Кореја македонските олимпијци, во конкуренција од 3.014 атлети кои се натпреваруваа во седум спортови, остварија успешни резултати. Димче Михајловски освои златен медал во алпско скијање, Даниела Паневска и Димитар Мегеров по еден сребрен и по еден бронзен медал во дисциплината алпско скијање, додека Катерина Крстева освои две четврти места во алпско лизгање.
Покрај оваа средба, претседателот Иванов за членовите на Специјална олимпијада на Македонија имаше приредено и приеми по нивното учество на Светските Летни Олимписки Игри во Грција во 2011 година и на Европските Игри на Специјална Олимпијада во Полска во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on