Иванов ги дозакопа женските права

Од:

По потпишувањето на указот за Законот за прекинување на бременоста од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, според реакциите од невладините, Македонија веќе не е пример во Европа за земја со либерален закон за прекинување на бременоста.

Невладините здруженија, граѓаните како и опозицијата сметаа дека законот не е во согласност со основните права и слободи, а сето тоа беше повод за протестите изминативе недели кои очигледно немаа влијание во одлучувањето и гласањето. Последниот механизам кој ќе го превземат здружените организации е оспорување на законот пред Уставниот суд.

Тие се надеваат дека судот ќе го оспори законот бидејќи истиот е штетен за правата и слободите на сите жени во Македонија, а со тоа и неуставен и спротивен на меѓународните повелби за кои државата се заложила дека ќе ги почитува.

slavco dimitrov

„Сметаме дека тоа е крајната инстанца која се надеваме дека ќе увиди на кој начин овој нов воведен закон е против уставен“, вели за А1он Славчо Димитров од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Во соопштението од ХЕРА јасно посочуваат дека со потпишувањето на указ од страна на Претсетаделот Ѓорѓе Иванов, од денес на жените во Македонија и официјално им се ограничени слободите за избор на прекинување на бременоста и планирање на родителството.

„Потенцираме, ова е првиот закон донесен во независна Република Македонија со кој се скратуваат правата на жените, со кој се прави чекор назад за демократијата и човековите права. Со овој закон, Македонија престанува да биде пример за земја со либерални права во Европа, во којашто жените слободно можеа да одлучуваат за прекин на бременоста, епитет со кој можевме да се гордееме во изминатите 40 години. Донесувањето на овој закон е пораз и на долгогодишните напори за унапредување на статусот на жената во општеството и постигнување на родовата еднаквост“, стои во соопштението од ХЕРА.

savkaСавка Тодоровска претседател на претседател на Сојузот на организации на жени на Македонија (СОЖМ), за А1он вели дека тие остануваат на ставот дека ваков важен закон за половина од популацијата требало да се донесе во редовна процедура.

Димитров вели дека потпишувањето на овој новоизлгасан закон е крајниот удар кој што е закопување на женските права и уште еден показател дека владата не само што нема сензибилитет за човековите права и основните граѓански принципи, туку истата нема познавања на основните интернационални одредби со кои се заштитуваат и промовираат репродуктивните и сексуални права на жените.

„Министерот Никола Тодоров арогантно преку ноќ донесе закон, го стави на маса и си го изгласа, а притоа ги уназади женските права во Македонија со децении наназад, нешто што ни на крај памет не можевме да го замислиме и сонуваме“, загрижено вели Димитров.

Од ХЕРА нагласуваат дека со сите нови одредби кои ги содржи овој закон, како поднесување на писмено барање од жената за прекин на бременоста, задолжителното пристрасно советување за ризиците по здравјето и животот за жената и предностите од продолжување на бременоста, како и 3-те дена чекање по советувањето не се засновани на научни факти и преставуваат омаловажување на жената и негирање на нејзините способности сама да донесува одлуки за своето тело.

Тодоровска ги укори парламентарките дека не поднесувале амандмани бидејќи од СОЖМ се залагале за 30% полова застапеност на жените заради родовиот сенс во донесувањето на одлуки, додавајќи дека доколку сите жени поднеле амандмани, а пратеничките од опозицијата не го напуштеле парламентот можеби ситуацијата ќе била поразлична.

„Фронтот не смее да се напушти“, порача таа.


Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски