Абортусот забранет во уште три американски држави

Од:

Законот за забрана за абортус денеска стапи во сила во уште три американски држави. Со ова, дополнително се ограничува пристапот до абортус во САД, два месеца по одлуката на Врховниот суд да го прекине тоа право.

Како што пишува Вашингтон пост, сега на 21 милион жени им е забранет абортусот или пристапот им е значително ограничен во најмалку 13 држави.

Тенеси, Тексас и Ајдахо, каде на власт се републиканци, се придружија во низата држави што донесоа привремени забрани.

Одлуката предизвика политичка бура и го стави прашањето за абортусот во центарот на кампањата за среднорочните парламентарни избори, закажани за ноември. 

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање на колеџ во Северна Каролина, напаѓачите се во бегство

Два воени хеликоптери Black Hawk се урнаа во САД, при што загинаа девет

(ВИДЕО) Уште еден воз со опасни хемикалии излета од шините во САД, градот Рејмонд е „под клуч“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Малолетници украле автомобил, паднале од мост при полициска потера и преживеале

Се урнаа два американски воени хеликоптери, има жртви

Катерина Павлова-Николовска

Русија: Престанавме да ги инфомрираме САД за нашите нуклеарни активности