Иванов: Европската унија без Балканот не е Европа

Од:

Помош и зголемен ангажман,  но и поддршка за деблокада на македонскиот  евроинтегративен процес, побара претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј на  средбата, која синоќа се одржа  во Виена.

Претседателот Иванов, оценувајќи ја средбатаа ,  изјави дека на Ван Ромпуј му ги укажал очекувањата од декемврискиот Самит на Европскиот совет, за она што е препорака од Европската комисија  конечно да биде ефектуирана и Македонија да добие датум за почеток на преговорите.

„ Ван Ромпуј укажа дека од првиот ден додека е на оваа функција настојува Западен Балкан да добие своја шанса, да почне да се придвижува во евроинтеграциите“, рече  Иванов.

Западен Балкан, посочи тој, заслужува да биде дел од ЕУ.

„Европската унија без Балканот не е Европа. Европската унија ќе може да каже дека е Европа кога и целиот Балкан ќе влезе во ЕУ“, потенцира Иванов.

Ван Ромпуј укажал  дека лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува и целиот регион, состојбата да се промени.

„Тоа е порака, меѓутоа ќе видиме кога ќе дојде Европскиот самит каков ќе биде одговорот. Важно е дека она што е од нас сме го оствариле и извештаите на Европската комисија тоа го укажуваат“ , рече Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on