Иванов: Дозволивме минатото да ни ја украде сегашноста

Од:

„Република Македонија останува посветена на промоција на принципите на добрососедство и помирување во регионот, преку европските и евроатлантските интеграции“, рече во своето обраќање Ѓорге Иванов, претседател на Република Макдеонија на Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа , што се одржува во Белград.

„Само со регинална соработка ќе ги надминеме предрасудите во регионот и ќе ги интегрираме нашите земји во Европската унија. Предрасуди кои го оптоваруваа минатото, кои ја ограничуваат способноста да се живее сегашноста и се уште можат да бидат закана за иднината“, рече Иванов.

Нашите земји, рече претседателот Иванов, премногу долго живееја во минатото. Дозволивме, рече, минатото да ни ја украде сегашноста и да ни ја одложи иднината.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности. Преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот, треба да се овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Уште едно име во трката за собирање потписи: Гоце Ристов сака да биде претседател, иницијативата ја поднел вчера

ВМРО-ДПМНЕ очекуваат во еден ден да бидат собрани потписите за Силјановска-Давкова

А1он

СДСМ: ДПМНЕ со Силјановска нудат враќање назад во изолација, далеку од ЕУ

А1он