Иванов денеска ќе разговара со Бан Ки Мун

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов, кој ја предводи македонската делегација на 67 Генерално собрание на Обединетите нации, денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-Mун, јавува дописникот на МИА од САД.

Се очекува главна тема на разговорите да биде процесот на разрешување на проблемот со името. На средбата, претседателот Иванов ќе побара цврста заложба за реактуелизирање и заживување на процесот на разговорите, за што поскоро решавање на овој дведецениски спор и деблокирање на евро-атлантската иднина на Македонија, за што свој личен ангажман најави и генералниот секретар при неговата посета на Македонија во јули годинава.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Њујорк ќе присуствува на инаугурацијата на новите простории на Европската унија во ОН што официјално ќе ги отворат претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј и високиот европски претставник за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.

Утре шефот на македонската држава се среќава со посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц и ќе има обраќање пред Генералното собрание.

 

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on