Иванов денеска ги потпишал законите за високо образнование

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги потпишал законите кои според неговите колеги професори од Професорскиот пленум, претставуваат укинување на автономијата на Универзитетот.

„Врз основа на сите извршени анализи и консултации во изминатиот период, како и од констатациите произлезени од бројните средби со најдобрите студенти од сите универзитети во Република Македонија што редовно се одржуваа изминатите шест години, денеска ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што Собранието на Република Македонија ги донесе на седницата одржана на 14 јануари 2015 година.

Заедничка констатација од сите овие средби беше дека Република Македонија има неспорна потреба од успешна трансформација на високото образование, дека на нашата земја ѝ се потребни студенти и професори препознатливи и конкурентни на глобалниот пазар на знаење.

Претседателот Иванов доби цврсто уверување од предлагачот на законите дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование со релевантните субјекти од оваа област, претставници на студентите и меѓународни експерти за високо образование. Од сите овие активности и инклузивен дијалог ќе произлезе целосно нов закон за високо образование.

Македонскиот претседател исто така доби ветување од предлагачот на законите дека обврските на академската заедница, предвидени со овие законски измени, ќе кореспондираат со зголемено вложување на државата во научноистражувачката дејност, со што ќе се овозможат неопходните предуслови за исполнување на тие обврски. Претседателот Иванов смета дека само на овој начин Република Македонија ќе може да се приближи кон современите меѓународни и научни достигнувања.“ стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on