„Слобода имаме, за правдата сеуште се бориме, а достинството некои сакаат да ни го засенат. Затоа идеалот не е сеуште остварен, ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“.
Вака од Мечкин Камен порача претседателот Ѓорѓе Иванов кој кажа дека јазикот е основната врска која не обединува.
„Секаде каде што живеат Македонци, никој нема право да разговара и преговара за преименунање на македонскиот јазик. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Охрид рече-никогаш да не се согласувате на компромис кога станува збор за вашите принципи, за универзални прифатени принципи“, рече Иванов.
Претседателот Иванов повика да престанат политичките делби и повика на сплотување.
„Апелирам да се престане со дневно политчките поделби, само заедно ќе успееме да ја оствариме нашата заедничлка мисија, просперитетна европска Македонија.
Што е наше ќе си дојде, во тоа сум длабоко уверен. Не сме толку големи да се делиме. Потребна ни е согласнот околу суштинските прашања . Демократија подразира плурализам, но ни треба демократија со единство, ни требаат творци и градители, визониери кој поглед е иднината, современи херои кои со својата рабта ќе придонесат за општото добро“, рече Иванов.