На лидерот на ВМРО – Народна партија, би му порачале наместо да шири клевети од најнизок вид, да размисли за своите постапки во 2001, за договорите за поделба на државата и размена на население и територии. Не би го повикувале да размисли за своето национално чувство и патриотизам, бидејќи за тоа веќе се има определено, стои во реакцијта од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
Претседателот на Република Македонија е згрозен од подмолните лаги во т.н. соопштение.
Претседателот Иванов бара јавно извинување од партијата до сите бранители, до членовите на семејството на Претседателот кои во 2001 беа на браникот на татковината, и извинување до него лично како граѓанин и како Претседател на Република Македонија. Во спротивно, ВМРО – Народна Партија ќе се соочи со тужба за клевета.
Претседателот Иванов досега никогаш нема реагирано на ваков начин во случај кога имало критика кон него, па дури и лични дисквалификации и лаги, но овој пат станува збор за нечии синови и татковци, браќа и роднини, за хероите на Република Македонија.