Италијанскиот амбасадор во посета на Куманово, разговарано за повеќе теми

Од:

Можностите за соработка во делот на економијата и инфраструктурата и изучувањето на италијанскиот јазик во училиштата беа тема на разговор меѓу италијанскиот амбасадор Карло Ромео и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Амбасадорот Ромео, кој денеска го посети Куманово, оцени дека функционирањето на италијанските компании во овој град отвара можност за соработка и со други италијански компании. Италијанската амбасада, како што истакна амбасадорот Ромео, е заинтересирана и за промовирање на италијанскиот јазик и култура во Куманово.

– По неодамнешната одлука на македонската Влада да го воведе италијанскиот јазик како втор странски јазик во образовниот систем во Македонија, како во основните, така и во средните училишта, ние како Амбасада сме заинтересирани за соработка и промовирање на италијанскиот јазик и култура во Куманово и во останатите градови во Македонија, изјави амбасадорот Ромео.

Градоначалникот Димитриевски изјави дека интенцијата е да се продлабочи соработката и нагласи дека италијанските компании се добредојдени во Куманово.

– Италија најавува и саем за градежништво, којшто ќе се одржи во Скопје. Дел од кумановските компании ќе бидат поканети да го посетат саемот и да ги споделат искуствата во сегментот на градежништвото. Повторно да потенцирам – италијанските инвестиции се добредојдени во нашата општина, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе