Италијанецот Гајзер: Не сакам да бидам вовлечен во политички борби, ја штитам Македонија од понижување

Од:

Новинарот Ларис Гајзер, кој истовремено е сопственик на италијанскиот весник „Ла верита“ каде два дена се објавуваат аудио и видеоматеријали за случајот „Рекет“, на кои се гледаат и слушаат Боки 13, Зоки Кичеец и бизнисменот Орце Камчев, тврди дека целта му е да ја заштити Македонија од понижување. Гајзер вели дека мрази манипулации, а верува во слободата.

„Мразам глупости и манипулации. Верувам во човечката интелигенција и во слободата. Двете секогаш го наоѓаат патот до површината. Мојата надеж, денес со моите извештаи е да ги охрабрам добрите, сѐ уште независни, слободни судии во важноста на владеењето на правото – да истражуваат понатаму и да ја направат Македонија светол пример за стабилна земја“, пишува Гајзер.

Тој вели дека не сака да биде вовлечен во политички борби.

„Избегнувајќи да бидам вовлечен во политички борби, би сакал да го дадам својот мал придонес во потрагата по вистината за да му помогнам на македонскиот народ да најде нови сили на патот кон организирана држава“, додава Гајзер.

„А1он“ вчера објави дека во 2016 година, според неговиот профил на Фејсбук, тој бил во посета на земјава – фотографиран е со тогашниот претседател Ѓорге Иванов, со косовскиот претседател Хашим Тачи и со Андреј Лепавцов, поранешен амбасадор во ЕУ. Исто како и Лепавцов, и Гајсер во својата биографија има наведено дека бил член на претседателството на меѓународната организација Паневропска унија.

Судејќи по тоа какви текстови објавува и споделува, очигледно е дека Гајсер има релации и интерес за Македонија – на својот профил на „Фејсбук“ тој најчесто споделува вести од два портали – „Република“ и „Експрес“, двата блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески