Италија ќе и додели 90 илјади евра на Македонија за справување со мигрантите

Од:

Италијанската Влада ќе и додели 90 илјади евра на Македонија за справување со приливот на мигранти од Блискиот исток.

– Вонредната состојба предизвикана од приливот на мигранти од Блискиот исток на пат кон северна Европа претставува нов предизвик за Европа и европските земји со кој заеднички треба да се справат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати од Западен Балкан. Имајќи ги предвид предизвиците со кои моментално се соочуваат македонските власти, италијанската Влада донесе одлука да и додели на Македонија дополнителна мултилатерална помош во износ од 90.000 евра за финансирање на активностите на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина на Република Македонија, се наведува во соопштението од италијанската Амбасада во Скопје.

Оттаму истакнуваат дека бројот на мигранти кои го користат т.н. Балкански пат постепено се зголемувал особено во последните неколку недели и оти тоа претставува голем напор за Македонија.

– Италијанската помош има за цел да ги поддржи активностите од примарна заштита на македонскиот Црвен крст и Црвена полумесечина за да им се помогне на најраливите групи мигранти (жени и деца), како и обезбедување основни средства и основна медицинска грижа, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија