Истрагата за крвавиот четврток не запира со обвинението – се сослушуваат дополнителни сведоци

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција продолжува со истражните дејствија за целосно расветлување на настаните од крвавиот четврток, потврдуваат од Обвинителството за „Макфакс“. Според наши сознанија, во Обвинителството изминатите недели биле сослушувани дополнителни сведоци, кои не е познато дали во оваа фаза се осомничени. Оттаму велат дека во овој момент нема проширување на обвинението и нови осомничени лица. Обвинителниот акт за крвавиот четврток сè уште не е одобрен од кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Со обвинението опфатени се 30 лица од вкупно 35 осомничени. Од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две се обвинети за помагање при вршење на ова кривично дело. Тогаш обвинителството објави дека за четири лица постапката е прекината со оглед на тоа што не се достапни за органите на прогонот, но по нивно пронаоѓање постапката ќе продолжи. Исто така за ,пратеничката Жаклина Пешевска, постапката е запрена бидејќи немало докази дека сторила кривично дело.

Како што претходно објави „Макфакс“ од кривична одговорност за крвавиот четврток засега куртули синот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, кој беше фотографиран критичната вечер на 27 април во Собранието. Кривично засега нема да одговара ниту синот на Амди Бајрам, Аднан Мемед, кој беше фотографиран како стои пред полицајците. Од обвинение за 27 април куртулија и Предраг Петрушевски-Бинго, Митко Михајловски- Џачката, Андреј Илиев, кои исто така беа фотографирани во Собранието.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска