Истрага за сообраќајката во Прилеп, едно лице консумирало алкохол

Од:

Полицијата и прилепското обвинителство направија увид на местото на сообраќајната несреќа на железничкиот премин во прилепската населба „Сточен пазар“ каде рано изутрината при судар на воз со патничко возило „мерцедес“ загина 39 годишен прилепчанец со иницијали М.Д., а двајцата сопатници (39 годишник со иницијали Г.Б. и 40-годишен прилепчанец со иницијали Х.Т.) во возилото се здобија со полесни телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Болницата се пуштени на домашно лекување.

Според Маријана Илиеска, основен јавен обвинител истрагата ќе ги покаже причините за несреќата. Според првичните сознанија и изјавата на машиновозачот, рампата на преминот била спуштена, а возот го зафатил возилото во задниот дел кога се обидело да премине. Кај еден од сопатниците во автомобилот било констатирано дека конзумирал алкохол. Првично изјавиле дека доцна го виделе возот и дека речиси не се сеќаваат на несреќата.

– Ова се само првични сознанија, но ќе следи детална истрага. наредена е обдукција на починатиот возаж од патничкото возило „Мерцедес“ за да се утврдат причините за смртта, изјави Илиеска.

Преминот во прилепската населба „Сточен пазар“ е многу фреквентен, а жителите велат дека рампата вообичаено работи.

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени