Под истрага тетовец кој се обидел да убие човек пред својата куќа

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство, соопшти МВР.

„Осомничениот на 13 јуни, пред сопствениот дом, се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, оштетениот заедно со уште едно лице пристигнале пред домот на осомничениот и започнале вербална расправија со него. Осомничениот, кој најпрвин се наоѓал на балконот од куќата, излегол надвор и наеднаш му задал удар со нож на оштетениот во пределот на вратот, нанесувајќи му тешка повреда со конкретна опасност по животот. Тој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била констатирана повреда на повеќе крвни садови и на еден нерв во вратот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.“, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини