Истрага за обид за убиство во Струмица

Од:

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 32 и 31 година, од кои првиот е осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, додека вториот е осомничен за поттикнување да го изврши делото.

На 17 јули, во раните утрнски часови, во магацински простории на дискотека во Струмица, првоосомничениот со намера се обидел да лиши од живот две лица, а второосомничениот со умисла го поттикнал да го стори кривичното дело.

По претходна вербална расправија помеѓу второосомничениот и еден од оштетените, двајцата осомничени дошле во магацинските простории на дискотеката. Првосоомничениот во рака држел пиштол марка ЦЗ ВЗОР 50 со кој се заканувал, додека второосмничениот му упатил удар со бокс на еден од оштетените.

Започнале меѓусебно да се борат и паднале на земја, по што првоосомничениот се обидел да испука со пиштолот во оштетените, додека второосомничениот за цело време го охрабрувал да пука. Едниот од оштетените станал и почнал да бега. Кога првоосомничениот почнал да го репетира пиштолот и да нишани кон вториот оштетен, бил совладан од сведок на настанот и пиштолот му бил одземен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничените. Предлогот е прифатен, а Основниот суд во Струмица на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Поднесено обвинение и продолжен притворот на осомничениот за опожарувањето возила пред Амбасадата на Бугарија

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен