Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.

Кога ги забележал полициските службеници, тој веднаш се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дрогата, фрлајќи ја во двор од ненаселена куќа. Полицајците ја обезбедиле дрогата, а потоа го фатиле и осомничениот. Тој извесно време давал активен отпор и се обидувал да избега, но бил совладан.

Поради опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да му биде определена мерка притвор“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР: Уапсени се три лица, спречен е транспорт на 150 кг. марихуана

Горан Наумовски

Откриени 5 килограми марихуана во автомобил на кумановец

А1он

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата