Истрага против седум вработени во Управата за животна средина

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје, постапувајќи по кривична пријава на Одделението за сузбивање организиран криминал во МВР, донесе наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, поради постоење основано сомневање дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што стои во денешното соопштение од Скопското јавно обвинителство, првообвинетиот како поттикнувач, а останатите како соизвршители се товарат дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, бидејќи во временски период од 2009 година до 2013 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ист траен однос и прилики.

– Првообвинетиот управител на правното лице, со умисла ги поттикнал останатите обвинети, како службени лица вработени во Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, да ја искористат својата службена положба и овластување и да му прибават на правното лице значителна имотна корист во вкупен износ од 626.758.506,00 денари, во постапките за добивање дозволи за складирање, третман и/или преработка на отпад и дозвола за оператор на депонија, иако не ги исполнувал потребните услови, се наведува во соопштение.

Првообвинетиот, како што се посочува од Обвинителството, на 24.09.2009 година до Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ поднел барање за добивање на дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад во кое внесол лажни податоци и не приложил комплетна документација, со што ги навел второобвинетиот, шестообвинетиот и седмообвинетиот да ја искористат својата службена положба и овластување со намера правното лице да прибави значителна имотна корист на начин што постапувајќи по барањето го прифатиле како уредно и покрај тоа што не била доставена целосна законски предвидената документација согласно чл.32 од Закон за управување со отпадот и чл.3 од Правнилникот за формата и содржината на барањето за добивање дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад и без да извршат инспекциски надзор со државен инспектор за животна средина согласно чл.3-а ст.1 и ст.2 од Правнилникот за формата и содржината на барањето за добивање дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад, петтообвинетиот изготвил, второобвинетиот проверил, седмообвинетиот одобрил, а шестообвинетиот го потпишал позитивното мислење, врз основа на кое Министерството за животна средина и просторно планирање на правното лице му издало дозвола за вршење на дејност складирање и третман и/или преработка на отпад.

– Првообвинетиот на 03.12.2010 година до Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ поднел барање за добивање на дозвола за оператор на депонија во кое внесол лажни податоци и приложил документација од правното лице, со што ги навел второобвинетиот, третообвинетата, петтообвинетиот и шестообвинетиот да ја искористат својата службена положба и овластување со намера правното лице да прибави значителна имотна корист на начин што постапувајќи по барањето го прифатиле како уредно и покрај тоа што не била доставена целосна законски предвидената документација согласно чл.3 од Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за оператор на депонија, второобвинетиот изготвил, третообвинетата одобрила, а шестообвинетиот потпишал позитивно мислење, врз основа на кое било изготвено решение за издавање дозвола оператор на депонија и Министерството за животна средина и просторно планирање на правното лице му издало дозвола за вршење на дејност оператор на депонија, се додава во соопштението.

Воедно, во постапката за издавање дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање првообвинетиот со умисла ги навел второобвинетиот, третообвинетата, четвртообвинетиот и петтообвинетиот да ја искористат својата службена положба и овластување со намера правното лице да прибави значителна имотна корист на начин што првообвинетиот на 14.12.2012 година поднел барање за добивање на дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад, и во таа постапката петтообвинетиот и второобвинетиот извршиле инспекциски надзор без да присуствува државен инспектор за животна средина и составиле записник, спротивно на чл.3 –а ст.1 и ст.2 од правилникот за формата и содржината на дозволата какои и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање на отпад, па врз основа на записникот и приложената документација кон барањето, петтообвинетиот подготвил, второобвинетиот одобрил, третообвинетата била согласна, а четвртообвинетиот потпишал позитивно мислење, врз основа на кое Министерството за животна средина и просторно планирање на правното лице му издало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад.

Основното јавно обвинителство по сослушувањето на осомничените лица, вчера до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе предлог за изрекување мерка притвор за прво и второ осомничените, како и предлог за изрекување мерки за претпазливост за тројца од другите осомничени и тоа забрана за напуштање на живеалиште или престојувалиште, обврска за повремено јавување кај службено лице во судот и одземање на патните исправи, додека за двајца од овие тројца осомничени предложена е и мерката забрана за преземање одредени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Воедно до судот е доставен и предлог за привремено одземање на имот и предмети заради обезбедување.

Од Основното јавно обвинителство – Скопје велат дека се преземаат истражни дејствија по овој предмет.​

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за извршителка од Кичево, осомничена е за три кривични дела

Горан Наумовски

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Обвинителството бара притвор за двајца дилери од Скопје и Велес

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он