Истрага против градоначалник на општина и четири други лица

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица.

„Со дејствијата опишани во наредбата, првоосомничениот – градоначалник на општина и третоосомничениот – надзорен орган во општината, како соизвршители сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување при јавни набавки, а второосомничениот како вистински сопственик на две правни лица и брат на првоосомничениот, сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело Поттикнување во врска со кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. На четвртоосомничениот – сопственик и управител на сега избришано правно лице и овластен потписник на банкарските сметки на друг сега избришан правен субјект му се става на товар дека сторил продолжено кривично дело Помагање во врска со кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, додека петтоосомничениот – управител на правното лице чиј сопственик е второосомничениот, сторил Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство.

Во шестгодишен временски период, од 2012 година до 2018 година, поттикнати од второосомичениот, прво и трето осомничените ја злоупотребиле својата службена положба и прибавиле корист за друг со што нанеле штета на општинскиот буџет, додека четвртоосомничениот, издавајќи фактури со невистинита содржина кон правното лице на второосомничениот кои не ги евидентирал во својата сметководствена евиденција, му помогнал да изврши кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело . Петтоосомничениот со поднесување на документација со невистинита содржина свесно ги повредил прописите за постапка за доделување на договор за јавна набавка и на тој начин остварил за друг имотна корист од поголеми размери“, информираат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Ексградоначалник на Свети Николе е осомничен за злоупотреба на службената положба

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор