Историски договор со кој се реши еден од најсложените спорови, коментираат западните медиуми

Од:

По речиси три децении, еден од најсложените балкански спорови е завршен на брегот на Преспанското Езеро, со потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, официјално најавувајќи нова ера на мир, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.

Ова е историски ден за регионот кој долго време е потопен во политика на непријателство. Премиерите на двете соседни држави изјавија дека горчливиот спор околу името на Македонија конечно е завршен, пишува весникот.

„Гардијан“ коментира и дека потпишаниот документ ја брише и последната трага од старата Југославија.

Британски „Индипендент” истакнува дека церемонијата на Преспанското Езеро се одржа откако грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето за недоверба. Весникот наведува дека по потпишувањето на од министрите за надворешни работи на двете земји, сега договорот ќе треба да биде одобрен и од парламентите, а во Македонија ќе има референдум. „Индипендент“ додава дека документот е пречекан со протести и во двете земји.

„Дејли телеграф“ коментира дека со потпишувањето е ставена точка на спор што ги труеше односите меѓу Грција и Македонија од 1991 година. Весникот посочува дека овој спор е еден од најдолгите дипломатски спорови во светот, што почна пред 27 години со прогласувањето на независноста на Македонија, но корените му се векови наназад. „Дејли телеграф“ коментира дека двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои се родени со само неколку месеци разлика во 1974 година, не отстапиле пред силните непријателски реакции во своите земји. Скопје се надева да добие датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ на самитот на Унијата на крајот на месецов, како и покана за влез во НАТО во средината на јули, пишува „Дејли телеграф“.

Американскиот „Њујорк тајмс” забележува дека потпишаниот документ го отвора патот за проширување на ЕУ и НАТО. Весникот додава дека и покрај потпишувањето на договорот од двете страни на границата имало жестоки отпори.

„Фајненшл тајмс” пишува дека церемонијата на потпишување на договорот била нарушена со протести.

Германски „Шпигел” коментира дека Ципрас се надева дека со овој договор ќе биде прифатен како политичар од меѓународен ранг и дека сака да влезе во учебниците по историја како човек кој решил сложен национален проблем, што повеќе од четврт век разни претходни влади не можеле да го решат.

Повеќето од западните медиуми го оценуваат потпишаниот договор како историски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски