Истекува рокот за УНЕСКО, наместо уривање на платформите – се слави Нова година

Од:

Општина Охрид има помалку од еден месец  за да ги спроведе препораките за заштита на природните богатства, доколку сака да остане дел од УНЕСКО. Досега во градот имаше акција само отстранување на дивите платоформи на угостителите и обид за уривање на две куќи. Останаа 1.097 дивоградби, од кои 409 се во заштитениот појас, чие отстранување беше услов за градот да го ужива УНЕСКО-статусот. Од екоздружението „Охрид СОС“ сметаат дека нема резултати кои ќе го решат проблемот во целост. Активистот Трајче Талевски вели дека не се урнати ниту сите платформи чие рушење го најави општината, туку на дивоградбите изминативе денови се пречекувала Нова година.

„Се откорнаа палмите, се срушија 3-4 платформи, се исекоа некои билборди. Се почнаа иницијативи како за колекторот, а претпријатието кое постои година дена – ништо не прави. Резултати за решавање на проблемот со колекторот во целост нема, особено имајќи предвид дека пречистителните станици не можат да го задоволат капацитетот на градот, особено во лето. Пропадна и дислоцирањето на депонијата, статус кво со претоварните станици. Ништо не е направено ниту со реката Сатеска, која треба да се врати во старото корито. Сето ова се препораки на УНЕСКО“, вели активистот Талевски.

Јавноста се сомнева и во пописот на дивоградбите, бидејќи тој и натаму се крие од јавноста, а Талевски вели дека единствен кој го има видено е градоначалникот Константин Георгиевски. Доколку Охрид остане дел од УНЕСКО, активистот Талевски вели дека тоа ќе биде политичка одлука. Охрид во извештајот за УНЕСКО ќе кажува што „ќе“ направи, а не што направил.

„Не се одеше да се сфати суштината на проблемот, туку да се купи време. Останаа уште 30 денови. Имаше планови кои требаше да се направат, ништо не е направено. Мислам дека до УНЕСКО ќе се испрати извештај во кој ќе се наведува дека ’ќе, ќе, ќе’, а кога ќе стигне на наредната сесија на УНЕСКО, можеби ќе се протнеме повторно поради Албанија. Повторно ќе се оди на политички одлуки, без суштински заклучоци и санкции. Ако ние не го штитиме природното и културно богаство, на никого во светот не му е важно. Ако ти не сакаш да си дел од УНЕСКО, никој не може да те натера“, Траче Талевски од Охрид СОС.

Од Општина Охрид молк за спроведените препораки и уривањето на дивоградби, иако има само уште нецел месец за тоа да го сторат. Засега не е распишан ниту оглас за избор на фирма што ќе ги урива дивоградбите, а доколку тоа Охрид не го стори до утре, тие нема да можат да го сторат тоа поради распишување на изборите.

Големите објекти, меѓу кои оние во заштитената зона, како пицеријата и бетонската база на советникот Нефи Усеини, остануваат нечепнати.

Владата усвои потреба за донесување  нов закон за легализација на дивоградби. Предлог-законот ги опфаќа и дел од охридските дивоградби, но не оние кои се во делот на регионот заштитен од УНЕСКО. Оттука, сè погласни се тврдењата дека Охрид во февруари, сака пред Комитетот на УНЕСКО да покаже помалку дивоградби од утврдените во регистарот што го изработи годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена