Рокот истекува – ќе има ли нова Влада?

Од:

Денеска е дваесетиот и последен ден кога мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, треба да каже дали успеал да обезбеди парламентарно мнозинство од 61 пратеник кое ќе гласа за новиот владин кабинет.

ДУИ по осумчасовно заседание во Мала речица не успеа да постигне договор за коалиција со Груевски. Според партиски извори мнозинството се спротивставило на предлогот на Ахмети повторно да се коалицира со Груевски. Тројцата потпретседатели на ДУИ синоќа беа на консултации на Бихачка. Ахмети вели дека тој е лидер и знае каде му се потпретседателите и со какви задачи.

„Состојбата е малку поделикатна за одлучување. Разговараме со сите политички партии, прашање на одлука во ДУИ е која опција ќе ја избереме. Во ДУИ правиме анализи за и против за аргументите за секоја опција, сè уште немаме одлука, претседателот прави анализи со членовите на партијата во сите нивоа и со луѓе кои не се од ДУИ, но моментално немаме одлука“, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Од ВМРО-ДПМНЕ комплетен молк. Од она што до сега се знае, Груевски имал само една средба со Али Ахмети, на која, според оскудните соопштенија по средбата, не станало збор за формирање заедничка влада, туку само се констатирале состојбите по изборите.

Ден по средбата со Груевски, Ахмети во штабот на СДСМ се сретнал и со Зоран Заев, а според соопштенијата се разговарало за ставовите што двете страни ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања.

Доколку Никола Груевски не договори парламентарно мнозинство, треба да го врати мандатот,а што ќе се случува потоа, различни аналитичари и универзитетски професори различно го толкуваат Уставот.

Некои велат дека мандатот треба да го добие Зоран Заев, од СДСМ како партија која освои најмногу гласови на изборите по ВМРО-ДПМНЕ, некои дека повторно Иванов треба да го врачи мандатот на некој од ВМРО-ДПМНЕ, а некои велат дека треба да се оди на нови избори, затоа што не можело оној кој изгубил на изборите да биде мандатар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”