Истекува рокот за приговори за вториот круг од изборите

Од:

Вечер истекува рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори во Македонија, што се одржаа во неделата на 7 април.

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето може да поднесе приговор до ДИК и тоа во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати.

ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука за приговорот, подносителот на приговорот по кој одлучувала комисијата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд треба да донесе одлука во рок од 48 по приемот на тужбата. Одлуките на судот се конечни.

Политичките партии се должни веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на завршување на изборната кампања да поднесат вкупен финансиски извештај за изборната кампања. Рокот истекува на полноќ на 21 април. Извештајот се поднесува на образец пропишан од министерот за финансии и тој се поднесува до ДИК, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, Собранието на Република Македонија, а за локалните избори и до Советот на општината и Советот на градот Скопје.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања