Истече рокот за поднесување приговори до ДИК

Од:

Политичките партии до 19 часот, кога истече рокот за поднесување, доставија повеќе приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локалните избори во Македонија, што се одржаа во неделата на 7 април.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доставија по повеќе од 100, ДПА 4, а ДУИ и НДП по 16 приговори.

ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот да донесе одлука за приговорот, а подносителот на приговорот по кој одлучувала Комисијата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд треба да донесе одлука во рок од 48 по приемот на тужбата. Одлуките на Судот се конечни.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%