Исправна за пиење водата од регионалниот водовод „Лукар“

Од:

Исправна е водата за пиење од регионалниот водовод Лукар, но загрижувачка е состојбата кај селските локални водоводи во кавадаречко и росоманско, информира денеска д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена и раководител на кавадаречката поздрачна единица на Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Велес.

Според Ризов, кавадаречкиот Центар редовно ги следи квалитетот и микробиолошката исправност на водата за пиење во општина Кавадарци и Росоман како на градскиот водовод Лукар, така и на селските локални водоводи. Секој месец имаат одреден број мостри вода од градската мрежа по договор со ЈП „Комуналец“ и одреден број т.н теренски мостри од локалните селски водоводи, како од селата од Бошавијата, така и од селата во Црноречието кои се по Програма за превентивна здравствена заштита на населението од заразни болести.

– Резултатите од анализите на земените мостри вода од мрежата на градскиот водовод Лукар обично покажуваат исправност на водата за пиење, со исклучок кога имаме повеќедневни поројни дождови кога доаѓа и до заматување на водата и во такви случаи се известуваат граѓаните преку медиумите, нагласи Ризов.

И додека сегашната состојба покажува исправност на водата за пиење од градскиот водовод Лукар, Ризов нагласува дека со водата од селските локални водоводи состојбата може да се каже дека е загрижувачка, бидејќи резултатите од анализите на земените мостри вода обично покажуваат висок процент на бактериолошка неисправност.

-Тоа е така бидејќи се оставени сами на себе односно на месните заедници и поради немање на материјални средства, не се врши дезинфекција на водата и санација на водоводните објекти. На крајот на секој месец за неисправните мостри вода даваме известување до Центар за управување со кризи и Агенцијата за храна и ветеринарство, додаде Ризов.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он