Исповед на 30-годишниот Иван кој беше спасен на Халкидики

Од:

Тоа што го доживеа на Халкидики потсетува на филм. 30-годишниот Иван пливал цели 20 часа и се држел за топка која случајно ја нашол во морето. 24 часа по спасувањето, тој опишува моменти кои ќе ги памети цел живот. Она што го доживеа на Халкидики додека не заврши неговото драматично спасување од морето ќе го памети засекогаш.

30-годишниот Иван, кој се нурнал за да ги спаси своите двајца пријатели, но струите го однеле кон Пелион. За негова среќа пронашол топка која, како што вели за newsit.gr, не била добро надуена. Но, таа била спас за него, бидејќи така можел да се задржи и да земе здив. Без неа работите би биле уште потешки.

Авантурата на тројцата млади момчиња од Македонија на Халкидики ја шокираше цела Грција. Крајбрежната стража и волонтерски спасувачки тимови дадоа се од себе и двајца беа пронајдени живи. Потрагата продолжува за пронаоѓање на третиот македонски државјанин.

Спасувањето на 30-годишниот Иван вчера, недела 10.7.2022 година, на Халкидики, ги исполни со радост и неговото семејство кое беше во областа да учествува во потрагата, но и спасувачите кои му пријдоа и го извлекоа жив од морето. Добрата физичка кондиција и топката која ја нашол пред себе во морето биле она што го одржало во живот.

По спасувањето, 30-годишникот е пренесен за прва помош во Здравствениот дом Касандра на Халкидики, а оттаму во болницата Папаниколау во Солун, каде што е и денеска. 30-годишниот Иван, кој е крајно загрижен за судбината на својот трет пријател, зборува за newsit.gr и ги опишува тешките моменти кои ги поминал сите тие часови во морето:

– Мојата авантура буквално никогаш не заврши. Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, кое само полека пропаѓа од макотрпниот напор што го вложив со мускулите да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат. Но, тука е и психолошкиот фактор во целото ова, што всушност е полошо, затоа и не размислувам толку за болката и сето тоа. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога влегов во вода и се обидував да му помогнам на мојот пријател да се смири.

Ме најдоа следниот ден веднаш по 12 часот. Во морето бев околу 20 часа. Толку часови вознемиреност за мене и моите пријатели. И во исто време се обидувам да се спасам. Топката што ја најдов беше полунадуена и едвај се држев за неа со рака и останав на површината. Сигурно ми помогна тоа што ја најдов топката, но она што навистина ми го спаси животот беа спасувачките тимови и од се срце им благодарам, заклучува 30-годишникот во сведоштво за newsit.gr.

Потрагата за спасување на 28-годишникот продолжува и денеска на море и на копно и ѝ помагаат два брода на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили од воздух, како и спасувачи доброволци од OFKATH.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шокантна приказна на Иван за битката со брановите: Тоа ми беше најлошиот роденденски подарок

Ана Ололовска

Прекинува потрагата по Мартин: Да почекаме морето да ја заврши работата и да ни го врати

Катерина Ѓуровски

Шорцови пронајдени во алги на плажата Катерини ги подгреаа надежите за пронаоѓање на Мартин

Ана Ололовска

Отворена сметка за донации за потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Горан Наумовски

Потрагата по Мартин Јовановски продолжува и утре

Горан Наумовски

МНР: Продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Предраг Петровиќ