Испорачани седум респиратори во соработка со УНИЦЕФ

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска присуствуваше на примопредавањето на нови респиратори, обезбедени во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Во оваа прва фаза се испорачани седум респиратори, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи низ државата каде се третираат вакви случаи, а во претстојниот период е предвидено да се обезбедат уште три вакви апарати.

– Станува збор за најнова генерација на респиратори од реномираниот германски производител Дрегер, во вкупна вредност околу 140 илјади евра. Тие служат како за инвазивна, така и за неинвазивна терапија, а може да се користат за лекување и на деца и на возрасни. Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица. Сакам да изразам благодарност до Канцеларијата на УНИЦЕФ, кој е наш постојан партнер во надминувањето на јавно-здравствените предизвици, како и континуираното унапредување на капацитетите за справување со вирусот COVID-19, изјави министерот Филипче.

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани истакна дека е потребно континуирано вложување во здравствените системи, со цел да бидат поотпорни на кризата.

– Сега, повеќе од кога и да е, гледаме колку е важно здравствениот систем да биде цврст. Пред сѐ, за да се спасат животи, но и за да се спречи здравствената криза да прерасне во поширока социо-економска криза што во голема мера ќе ги засегне децата и семејствата. На глобално ниво, гледаме дека епидемијата одзема животи и егзистенција, додека здравствените системи се борат, а преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот ги затворија училиштата и создадоа предизвици за семејствата. Додека ги јакнеме другите системи да бидат поотпорни на кризата, мора континуирано да вложуваме и во зајакнување на здравствениот систем, истакна Ди Џовани.

Инаку, изминатиот период како дел од одговорот на пандемијата со COVID-19, УНИЦЕФ ја поддржува Владата во напорите да ги намали ефектите од кризата врз децата и семејствата. Покрај поддршката на здравствениот систем, УНИЦЕФ обезбедува и дополнителни резерви на опрема за лична заштита и комплети за тестирање на вирусот, поддршка за воспоставување телефонска линија за помош на бремените жени и мајките со новороденчиња, дистрибуција на хигиенски пакети за најранливите заедници, поддршка за изработка на материјали за комуникација во време на криза, како и психо-социјална поддршка за децата и семејствата.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: Мисијата на Кирил и Методиј има непроценлива улога, нашата е да го чуваме македонскиот јазик

А1он

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија