Исплатени 89,2 милиони денари субвенции за овци и кози

Од:

Министерството за финансии денеска исплати 89,2 милиони денари субвенции на 842 земјоделци за поддршка на две мерки во сточарството.

Од нив 81,4 милиони денари се исплатени на 563 земјоделци за обележани грла овци, а 7,8 милиони денари на 279 земјоделци за одбележани грла кози.

Поединечно мерката и за овци и за кози изнесува по 1.000 денари по обележано грло.

Преку исплата на субвенции Министерството за финансии и Владата на Република Македонија продолжуваат со поддршка на земјоделството како една од носечките гранки во економијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

A1on

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on