Исмајловска-Старова: Пратениците кои сметаат дека се поранешни и не поддржуваат свикување на Собранието, да ги вратат платите

Од:

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата за пратениците повторно да се вратат во Собранието. Тие сметаат дека тоа е потребно, со цел зголемена контрола на Владата која носи уредби со кои правата на граѓаните се ускратуваат. За изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој кажа дека иницијативата е од поранешни пратеници, пратеничката Нола Исмајловска-Старова за „А1он“ вели дека доколку има пратеници кои се сметаат за поранешни, тогаш не треба да примаат плата и воедно да ги вратат парите кои ги земале во изминативе месеци додека Собранието не работи.

„Дадовме поддршка и се потпишавме на иницијативата бидејќи се наоѓаме во вонредна состојба која треба да ја потврдиме, а се е согласно Уставот како највисок правен акт во нашата држава. Нашата цел е зголемена контрола на Владата во моменти кога поради ситуацијата се ограничуваат слободата и правата на граѓаните. Ние сме демократска земја во која највисок орган е Собранието. Ние и натаму земаме плата како пратеници, што значи дека не сме поранешни, туку пратеници од постоечкиот парламентарен состав.  Доколку некој се смета за поранешен пратеник, нека ги врати платите кои ги добиваше изминативе месеци, без да оди на работа и да помага за државните интереси“, смета Исмајловска-Старова.

Таа вели дека е сигурна дека и партиите кои не ја поддржуваат иницијативата знаат дека ова е правилна одлука, но, според неа, истите тие одлучиле да им дадат предност на дневно-партиските препукувања.

„Имам информација дека се собрани и повеќе од потребните потписи, што значи дека кога ќе му се достават на претседателот Талат Џафери, тој ќе треба да ја донесе конечната одлука“, додава Исмајловска-Старова.

Инаку, потписите за свикување на Собранието ги собираат група на пратеници од парламентарното мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ се противи и засега не ја поддржа иницијативата, додека пак од ДУИ посочија дека не знаат дека се собираат потписи. Иницијативата е за да се свика седница на која ќе се потврди одлуката на Пендаровски за продолжување на вонредната состојба и Собранието по потреба да се стави во функција.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска