Искршена таблата од бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Од:

Искршен е дел од таблата на која е испишано името на новиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за „А1он“ изјави дека инцидентот се случил денес после пладне и се уште трае увидот на полицијата.

– Околу 12 часот и 45 минути СВР Охрид доби пријава за оштетување на влезот од бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. Оштетен е дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб. Екипи на СВР Охрид во моментов вршат увид на местото на настанот – изјави Димовски.

Бугарскиот клуб беше отворен пред пет дена, а на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица.

Тогаш претседателот на здружението „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски рече дека здружението било отворено пред една година и ги поминало сите законски процедури.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски