Исчистени улиците во Куманово, фрлени 30 тони сол

Од:

На улиците во Куманово во текот на ноќта фрлени се 30 тони сол, информираа денеска, надлежните од секторот за урбанизам од општина Куманово. Екипите на двете приватни фирми, задолжени за зимско одржување на градот ги чистеле улиците од вчера по 20.30 до два часот утрово. Во ноќните часови исчистени се улиците од првата и втората зона од градот.

– Утрово, температурата повторно беше под нулата, така што интервенирано е со плужење, информираше Момчило Јовановски, помошник раководител на секторот за урбанизам.

Во Куманово висината на снежната покривка изнесува околу пет сантиметри. За зимско одржување на градот задолжени се две фирми од кои едната ги чисти улиците во источната, а втората во запданата зона од градот.

Од Региналниот Центар за управување со кризи информираат дека патиштата се проодни.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе