Ирена Попова ја напушти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје, ќе делува независно

Од:

На седницата на Советот на Град Скопје, советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова извести дека од денеска повеќе нема да биде дел од нивната советничката група. Како што рече Попова, отсега ќе делува самостојно.

„Ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје“, рече Попова, која по нејзиното излагање, доби аплауз од градоначалничката Данела Арсовска.

Ова е втор ваков случај, откако пред речиси два месеци, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изгубија уште еден советник, Александар Трајковски од ГРОМ.

По ваквите настани, ВМРО-ДПМНЕ останува со 16 советници, СДСМ 12, ДУИ има 5 советнции, а Левица 4, ЛДП и Зелен хуман град имаат по 2 советника, а по еден Алијанса за Албанците и Алтернатива. Од денеска, во Советот има и два независни советника.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски