ИПДВ: ВМРО-ДПМНЕ 19,1%, СДСМ 12,9%

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се во предност пред опозициската СДСМ, според анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење.

Според резултатите, граѓаните имаат најголема доверба во ВМРО ДПМНЕ 19,1 проценти, а СДСМ има рејтинг од 12,9 отсто.
Од албанските партии ДУИ е во предност со 6,9 проценти, ДПА има поддршка од 3,9 насто од граѓаните, НДП има 1,7 отсто.

ЛДП и ВМРО Народна партија според анкетата на Институтот имаат поддршка од под 1 насто.
36,2 проценти од анкетираните одговориле дека нема да гласаат.

Од политичарите најмногу доверба има премиерот Никола Груевскио со 20,1 проценти. Зад него е Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ е на второто место со 12 отсто доверба кај граѓаните, Али Ахмети има 7,4, Мендух Тачи 3,9 , а Руфи Османи 1,8 проценти.

Околу 46 проценти од испитаниците во анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар или пак не можеле да оценат.

Анкетата е спроведена телефонски од 15 до 17 јуни, на репрезентативен примерок од 1.060 испитаници.

Би можело да ве интересира

Анкета на ФОМ: Русите сè повеќе ја поддржуваат политиката на Путин

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво досега

Горан Наумовски

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+