Образованието е дел од градењето на карактерот на секој професионален спортист
Да си професионален спортист и истовремено да го надградуваш своето образование е значително напорен предизвик и сериозен потфат. Патот кон достигнување на успешна кариера и градење на личниот карактер со проширувањето на своето знаење воопшто не е лесен. За секојдневните тренинзи, патувања и натпревари, како и за завршување на високо образование за време на професионалната кариера, освен совршено балансирање со времето како фактор, дефинитивно се потребни два клучни аспекти: голема желба и концентрација. Таков спортист со исклучителен ментален склоп и одлучност е ракометното репрезентативно крило, Гоце Георгиевски кој за време на својата професионална кариера во спортот запиша додипломски студии на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.
Кои студии ги имате одбрано и која е вашата цел со завршувањето на студиите?
Образованието и дополнителното стручно усовршување е дел од градењето на карактерот на секој професионален спортист. Затоа јас ја одбрав студиската програма спорт и спортски менаџмент, на модулот спорт и физичко образование. Мојата цел по завршувањето на студиите e да го пренесувам своето знаење за спортот на помладите генерации и да се надоградам во областа на спортскиот менаџмент, во смисла на правилно менаџирање во спортот.
Сите знаеме дека животот како професионален спортист е напорен. Зафатен сте со подготовки, тренинзи, натпревари, патувања. Како успевате да најдете време и за надградување на вашето образование?
Да, навистина моите професионални обврски не ми дозволуваат многу слободно време. Но, јас тоа го знаев и пред запишувањето на студиите. Морам да нагласам дека мојата голема желба и љубов кон спортот, како и упорноста на крајот пресудија да се запишам и да студирам на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Навистина сум среќен што досега одлично ги координирам своите обврски со спортот и студирањето. Секако, треба да напоменам дека имам огромна поддршка и од професорскиот кадар на Факултетот за спорт и спортски менаџмент, кои што знаејќи ги моите професионални обврски секогаш се флексибилни и ми излегуваат во пресрет.
Зошто го одбравте АУЕ – ФОН и кои се неговите предности во однос на останатите македонски универзитети?
АУЕ – ФОН е најдобриот универзитет во Македонија. Се разликува од останатите универзитети по стручноста на професорскиот кадар и квалитетот на студиските програми. Но, она што мене особено ми се допаѓа е пристапот на споделување на навремени и точни информации за студентите, со што го прави полесен патот и начинот за студирање.
Наскоро започнува процесот на запишување на средношколците на факултет. Што би им препорачале на матурантите, зошто да се запишат на АУЕ – ФОН универзитетот?
Сите оние кои што се наоѓаат на животна раскрсница и не знаат каде да студираат, им препорачувам дефинитивно да не размислуваат и да го одберат Американскиот универзитет на Европа – ФОН. За мене АЕУ – ФОН е избор број 1 затоа што универзитетот ги нуди најсовремените услови за студирање во нашата земја и посветува доволно внимание и време на студентите, сè со цел за нивно стручно надоградување и развивање, во што и јас самиот се уверив.
ПР Текст