(ИНТЕРВЈУ) Дескоска: Власта нема волја за фер и демократски избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 8 години воспостави систем кој наликува на тоталитарен, систем кој ги осакати институциите, вели во интервју за А1он, Рената Дескоска, носител на листа на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 1.

„Судство, медиуми, нема независни институции. Затоа по промената на власта треба да се направат сериозни промени, да се вратат темелните вредности. Бројните афери, наместените тендери, корупцијата ќе бидат минато. Една од првите мерки е нова законска рамка за да нема наместени тендери. Живееме во целосен медиумски мрак и класична цензура. Новата Влада ќе направи реформа за да можат граѓаните да бидат информирани. Ќе се врати дигнитетот на новинарската професија“, вели Дескоска.

Taa најави дека ќе се стави крај на рак раната-партизираното судство. Судиите сами ќе ги пишуваат судските одлуки, а не да им се диктираат од Владата и министерството. Судството ќе се ослободи од партиските стеги. Обвинителите нема да бидат чадор на криминалот. Криминалот вели, не смее да остане неказнет. Кај власта не гледа волја за фер и демократски избори.

„Ова се историски избори. Не секоја генерација има шанса да направи историски исчекор. Има два концепта. Едниот кој носи страв и притисок, економска сиромаштија, уцени, корупција, цензура и тоталитарен режим, вториот носи слобода, економски развој, демократија, ова е концептот на СДСМ .Потребен е мал чекор, да излезат граѓаните на 27-ми на гласање и да го дадат својот глас за СДСМ и коалициските партнери, за да се случат промени кои ќе значат нов почеток за сите граѓани на Република Македонија“, вели Дескоска.

Повеќе од интервјуто на Рената Дескоска за A1он.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници