ИНТЕГРА прашува каде оди македонското богатство, во чии раце се прелева и со која цел се осиромашува македонскиот бизнис

Од:

Бараме одговори од Владата на СДС и допрва ќе бараме на сите ѕвона, се’ додека не ни се одговори јавно. А дотогаш, мораториум на сите одлуки за концесија на рудниците за злато и бакар во Иловица и Штука, се вели во соопштението од политичката партија Интегра.

СДС и ДУИ донеле одлука за давање концесија на рудниците за злато и бакар во месностите Иловица и Штука, општини Босилево, Василево, во нивен мандат, пролетта 2006 година.

ДПМНЕ ја потврдува концесијата во 2013 година, откако завршуваат испитувањата, според кои на тоа наоѓалиште лежат 119 тони злато и 791.000 тони бакар.

На берзата во моментов цената на златна плочка од 1 кгр изнесува цирка 64.566 долари или проценет бруто приход за цирка 120 тони, е околу нецели 8 милијарди долари. А цената на кгр бакар изнесува 8.58 евра или бруто приход од целосната експлоатација изнесува нецели 7 милијарди.

Зборуваме за прва фаза на финализација на златото и бакарот. Ако се услови од страна на државата, високи фази на финализација, вредноста на ова македонско богатство би достигнала преку 50 милијарди долари.

Е сега, доколку државата ЗАБРАНИ експлоатација со цијанид и доколку има механизми да го контролира процесот, и доколку се одбере моделот на експлоатација со флотација на рудата, тогаш еколошки е оправдана инвестицијата, иако генерално станува збор за најпрљава индустрија – сите рудници се прљава индустрија и прават еколошка дисторзија, сите до еден.

Одиме чекор понатаму, тандемот СДС – ДУИ носи одлука за спојување на двете концесии во една и бизнисот сака да го даде со директна спогодба на ЕКОЛОГ и албанското лоби во власта.

Целата борба е кој да се докопа до провизиите и до тие силни милијарди долари. ДУИ веќе 20 години раководи со Министерството за економија и со концесиите на минерални суровини.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија бара од Владата на СДС, да излезат со прецизна листа во ексел табела, колку концесии и за кои минерални суровини се дадени во изминативе 20 години, кои фирми ги добиле и да видиме дали на сцена се случува сериозно подривање на македонските бизниси во татковината Македонија, а за сметка на албанските бизнис новосоздадени тајкуни, се вели во соопштенито на Интегра.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав зошто македонскиот народ така ја губи државотворноста во Македонија

Ристовски во Шуто Оризари: Време е Ромите да добијат шанса да се изборат за подобро утре

(ВИДЕО) Ристовски: Нема промена на Устав под ниту една закана, мора да изградиме моќна македонска армија

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

Ристовски: Дајте ни поддшка, да спречиме да го расчеречат Уставот, да спречиме да исчезне државотворноста на македонскиот народ