Институтот Павел Шатев се надмина со новата „анкета“

Од:

Институтот “Павел Шатев“,кој е близок на ВМРО-ДПМНЕ до медиумите испрати анкета со која се обидува да ја измени сликата дека партијата на власт не ужива голема поддршка како во минатото.

Анкетата која ја работел институтот, кој е регистриран во приватен стан во Чаир дошол до резултати кои се дискутабилни.

На прашањето на кој политичар најмногу му верувате прикажува резултат:

Зоран Заев 10,7%

Никола Груевски 28,3%

На следното прашање, кое гласи: „Кого би избрале за премиер помеѓу Зоран Заев и Никола Груевски (без испитаници Албанци), прикажува резултат:

Зоран Заев 14,1%

Никола Груевски 50,4%

И нормално за крај прашањето кое е главно во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ: “Дали поддржувате партија која се залага за концептот на двојазичност на целата територија на Македонија и нов рамовен договор, на што 4,9 % одговориле со ДА, а 93,5% одговориле со “НЕ“.

Овој институт кој е основан во 2012 година е регистриран на истата адреса на која живее претседателот на здружението, Ивана Петровска. За разлика од Инститотот „Димитрија Чуповски“, овој институт има активен статус во Централниот регистер и пет основачи. Дел од основачите пак, имаат или имале високи функции во државни институции за времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Симоноска е раководител на правната служба во Македонска Пошта, а како основач се јавува и Златко Јанковски, екс портпарол на Секретаријатот за европски прашања во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во документите нема наведено контакт телефон. Телефонски број нема ниту на бројот за информации.

Велат, на таа адреса нема регистрирано никаков број.

Овој институт во четирите години од постоењето нема сопствена страна на интернет, а сите активности ги објавува само на својата фејсбук страна која е преплавена со трибини организирани од институтот каде редовно се гости министрите од ВМРО-ДППМНЕ-трибина со Диме Спасов, со Зоран Јолевски, Владимир Нелоски, Спиро Ристовски и секако и трибина со обраќање на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

A1on

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

A1on